Старото градско јадро на Охрид

За здружението

Мисијата на МГХ

МГХ Интернационална Асоцијација е доброволно, непрофитно и невладино здружение основано во Штип, посветено на градење мостови на пријателство меѓу Македонија, Германија и Хрватска.

МГХ Интернационална Асоцијација од Штип ќе работи на развивање и зајакнување на меѓународната соработка преку промовирање и размена на економските, туристичките, културно-историските и други вредности.

Визија

„Македонско, Германско, Хрватско – МГХ Интернационална Асоцијација: бренд за развој на меѓународна соработка.“

Статут на МГХ, Член 8 — Визија

Македонија · Германија · Хрватска

Идејата за мост меѓу трите држави

Идејата на МГХ ги поврзува трите држави – Македонија, Германија и Хрватска – во заедничка мисија за културна соработка, туризам и економски развој. Логото ја симболизира таа врска преку уметничка линија-арабеска што претставува мостови и бои на пријателство: црвената од Македонија, црната и жолтата од Германија и плавата од Хрватска, дополнета со знамињата на трите држави.

Разговор и соработка меѓу луѓе

Црвена

Македонија

Црвената боја на пријателството и седиштето на здружението во Штип.

Црна и жолта

Германија

Црната и жолтата боја на пријателството во заедничката линија-арабеска.

Плава

Хрватска

Плавата боја на пријателството што ја заокружува врската меѓу трите држави.

Нашиот пат

Историја

2011

Основање во Штип

МГХ Интернационална Асоцијација е основана на 23 ноември 2011 година во Штип, согласно Законот за здруженија и фондации од 2010 година. Статутот е донесен од собранието на здружението на истиот ден.

Органи на здружението

Како е организирано МГХ

Органи на здружението се Собранието, Претседателот, Одборот и Надзорниот орган, а административно-стручните работи ги врши Стручната служба.

Собрание

Највисок орган

Највисок орган на здружението; го сочинуваат сите полнолетни членови. Го избира претседателот, го донесува статутот, годишниот извештај, планот и програмата за работа, и одлучува за членството. Се состанува најмалку еднаш годишно.

Претседател

Мандат 4 години

Застапник на здружението со мандат од четири години. Го претставува и го застапува здружението и раководи со неговата работа. Актуелен претседател е Габриела Јазинка.

Одбор

Извршен орган · 7 члена

Извршен орган на собранието со седум члена. Го избира претседателот, ги подготвува седниците на собранието, ги спроведува одлуките и програмата, управува со имотот, донесува правилници и одлучува за прием на нови членови.

Надзорен орган

3 члена

Врши надзор над спроведувањето на статутот и одлуките и над наменското трошење на средствата, и еднаш годишно поднесува извештај до собранието.

Стручна служба

Администрација

Ги врши административно-стручните и помошните работи на здружението; со неа раководи главен координатор.

Полиња на дејствување

Што работиме

Области

Туризам Економија Култура Образование

Испорачуваме преку

Консалтинг Лобирање Застапување Презентирање Промовирање Маркетинг Трговија

Нашето наследство

Од златно доба на културна дипломатија на МХЗ до новата меѓународна визија: приказна за континуитетот на МГХ

Секое големо движење започнува со визија, но ќе живее единствено и благодарение на луѓе кои со големо срце, знаење и истрајна посветеност градат мостови меѓу народите. Ова е приказната за нашиот организациски пат, што е живо сведоштво за тоа како една благородна идеја за културно поврзување може да прерасне во траен меѓународен и економски мост.

Кои беа пионерите на оваа визија? Оваа инспиративна приказна започна токму со визионерската идеја на Академик Александар Апостолов, кој беше првичниот иницијатор и интелектуален двигател што ја донесе идејата за формирање на здружението во Штип. Во знак на длабока и трајна благодарност за сите негови исклучителни заслуги при иницирањето и поставувањето на темелите на Македонско-Хрватско Здружение (МХЗ), кој подоцна со гордост беше назначен за наш почесен член.

Под таа почетна визионерска искра, а под претседателство на бившиот градоначалник на општина Штип, д-р Томо Миташев како прв претседател и оснивач, беа поставени цврсти правни, институционални и заедница-ориентирани темели на МХЗ.

Златно доба (2000-2010) на здружението и деценија на културен процут и меѓународна препознатливост

Во периодот од 2000 до 2010 година, МХЗ од Штип доживеа вистинско „златно доба“, деценија бележана со масовно членство, енергичен граѓански активизам, културен воздиг и успешно реализирани проекти кои оставија траен белег во целиот регион. Вториот претседател и неговите наследници по ред во оваа плодна ера, како почитуваниот д-р Лазар Гичев, понатаму Ванчо Инџекаров и Панче Мусев достојно и со голема посветеност го продолжија тој пат, со што здружението продолжи да се развива и се утврди како вистински светилник на културната дипломатија во тоа време.

Тоа беше време на извонредна енергија, ентузијазам и незаборавни успеси. Во тој период дел од оваа заедница станаа и истакнати хуманисти и професионалци, меѓу кои и светски познатиот македонски кардиохирург и наш Штипјанец, д-р Жан Митрев. Како наш почесен член и донатор во тоа време, д-р Митрев овозможи една монументална и историска посета на наши активисти во Сплит, Задар и Пула, Република Хрватска, каде замина цел автобус со членови на наша делегација заедно со соработници од културата, фолклорен ансамбл и ТВ медиум за целосно проследување на настанот. Оваа посета беше крунисана со богата културно-уметничка програма, фолклорни настапи во сите три града, но и со еминентно стручно предавање на д-р Митрев во регионалната болница во Сплит, со што совршено се споија културата, медиумската промоција, хуманоста и медицинската наука.

Како личен сведок на овој извонреден процут и развој на здружението, но и како директен креатор и организатор на најголем дел од реализираните проектни активности, настани и иницијативи, оваа деценија на интензивна работа за мене лично донесе исклучителни признанија. Меѓу нив се издвојува официјалната Благодарница за заслужен член за десетгодишниот континуиран придонес (2000 – 2010), како и силната дипломатска поддршка од Амбасадата на Република Хрватска во Македонија, предводена од тогашниот Амбасадор Александар Милошевиќ, заедно со поддршка од нашите меѓународни партнери од Холандија.

Животното наследство продолжува преку МГХ Интернационална Асоцијација

Големите идеи не завршуваат со текот на времето. Тие еволуираат, созреваат и се прилагодуваат на предизвиците на новото време. По 2010 година, моќната матрица и трајното наследство што го остави МХЗ добија своја природна, проширена и уште подлабока димензија.

Како верен ученик, долгогодишен двигател на тие процеси и претставник на новата генерација лидери, ја основав МГХ Интернационална Асоцијација – Штип (Македонско, Германско, Хрватско). МГХ претставува директна и природна продолжена рака на успешното МХЗ, пренесувајќи го истиот дух на соработка, соживот и културна дипломатија, но сега проширен со нови стратегиски партнерства и широки европски и трансатлански хоризонти.

Денес, со непоколеблива поддршка од искусните членови кои безрезервно пристапија кон оваа платформа, МГХ стои како официјално регистрирана и современо усогласена асоцијација фокусирана на:

  • Економски развој и прекугранични бизнис-партнерства: Поврзување на локалните претприемачи со европските и трансатланските пазари и институции.
  • Развој на алтернативен, одржлив и културен туризам: Промоција на богатото културно-историско наследство и природни потенцијали.
  • Образование, дигитално мрежно поврзување и поддршка на младите: Создавање можности за младите таленти преку размена на знаења и добри практики.
  • Зајакнување на граѓанското општество, регионалната и меѓународна кохезија: Градење трајни мостови на пријателство меѓу Република Северна Македонија, Хрватска, Германија и пошироко.

Патот што го изодевме од 2000 година до денес е несоборлив доказ дека кога темелите се изградени на цврста подлога, со визија и љубов кон заедницата, тогаш визијата ќе трае вечно!!

МХЗ остави неизбришливо наследство, а МГХ храбро, гордо и со поглед кон иднината продолжува да чекори по тој пат – градејќи нови мостови меѓу Македонија, Хрватска, Германија и светот!